еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Освен декриминализација, лично поддржувам легализација на употребата на марихуана

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека освен декриминализација, лично поддржува и легализација на употребата на марихуана.

„Сакам да ја поддржам постапката која што почна, за декриминализација на марихуаната. Верувам дека во иднина ќе се создаде амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе може да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку партиципираат во нашиот БДП“, изјави Заев.

Според него, тоа позитивно ќе влијае на туризмот и угостителството.

„Сите постојни и нови објекти согласно лиценци кои ќе ги добијат, ќе можат да опслужуваат конзумирање на марихуана или канабис, што дефинитивно може да помогне за развојот на услужната дејност во државата“, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ е за декриминализација на марихуаната

Владата подготвена да расправа за декриминализација на марихуаната со измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци

ЕКСКЛУЗИВНО: Кои се фирмите кои влегоа во бизнисот со медицинска марихуана во Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 626 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Заев: Нема дилеми во употребата на придавката „македонски“, очекувам исчекор од пријателска Бугарија

Редакција

Поради присуство на Ковид-19 кај дете и две воспитувачки, во изолација 35 дечиња од делчевската градинка

Редакција