еМагазин
Image default
Македонија

Поради присуство на Ковид-19 кај дете и две воспитувачки, во изолација 35 дечиња од делчевската градинка

Триесет и пет дечиња од Делчево кои посетуваат градинка, заминуваат во изолација, откако кај две воспитувачки и едно од децата во градинката „Весели Цветови“ е утврдено присуство на вирусот Ковид-19.

Директорката на градинката Билјана Симовска информираше дека освен дечињата по насока на епидемиолог во изолација одат и четири негувателки и една воспитувачка.

-Една од негувателките кои одат во изолација е веќе тестирана и е негативна на вирусот, додека останатите три негувателки и една воспитувачка ќе се тестираат во вторник. Ова практично значи дека во изолација ќе бидат 3 воспитни групи со 35 дечиња од објектот бр.2 или централниот објект, информираше Симовска.

Во текот на вчерашниот ден од страна на вработен е извршена дезинфекција во целиот објект, а во текот на денешниот ден како што додаде, ќе се изврши дезинфекција и од страна на Центарот за јавно здравје Кочани.

-Од страна на градинката доследно се почитуваат протоколите дадени од Министерството за здравство како од страна на вработените, така и од страна на родителите и така и ќе продолжи установата. Во меѓувреме се преземаат сите мерки на безбедност и претпазливост, во координација со епидемиолог и санитарен инспектор, додаде Симовска.

Во објектот бр.1 или таканаречена горна градинка, директорката на ОЈУДГ „Весели Цветови“, додаде дека се’ се одвива во најдобар ред и групите работат.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар и Центар Жупа за еден ден направени околу 1.300 тестови за скрининг на имунитет

Редакција

УНИЦЕФ алармира за последиците од продолжениот прекин на наставата: Пропуштеното мора да се надомести

Редакција

Пендаровски: Не можеме да го отвораме Уставот по потреба, нема гаранции дека тоа би било последното барање на Софија

Редакција