еМагазин
Image default
Македонија

И Штип ќе добие монтажна болница која ќе има 56 кревети

Денеска в.д. градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со директорот на Клиничка болница Штип, Ален Георгијев, директорите на јавните претпријатија Стипион и Исар одржаа координативен состанок во врска со тековните активности и обврските на секоја институција во поставување на монтажна болница, информираат од општината.

Монтажната болница ќе биде поставена над постоечката Клиничка болница, со два пристапи. Ќе има четири модули со по 14 кревети, или капацитет од 56 кревети.

„Денеска вршиме увид на местото кадешто ќе се поставува монтажна болница. Активностите во смисла на потребната инфраструктура се во тек.

Почнуваме со подготовка на сите оние инфраструктурни инсталации, водовод, канализација, електручно напојување така да очекуваме вои догледно време да ги завршиме сите обврски што ги имаме како локална самоуправа, за да може понатаму Министерство за здравство да го заврши останатиот дел,“ истакна Миланов.

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Редакција

Пет лица биле на возраст од 20 до 39 години: За една недела 127 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Допрва претстои „тешкото“ меѓу Македонија и Бугарија: Се уште не се чепнати Илинден и Втората светска војна

Редакција