еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Кој е новиот протокол за превенција од Ковид-19 за планинарење

Федерацијата на планинарски спортови (ФПСМ) информираше дека следните планинарски акции треба да се планираат според новите препораки на Владата.

„Имајќи го во предвид соопштението на Владата од 9 ноември за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот Ковид-19, Комисијата за планинарски водичи (КПВ) при ФПСМ, препорачува почитување на забраната за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица,“ велат од ФПСМ.

Во следниот период, планинарите треба да ги почитуваат следните мерки:

– Планинарските акции во наредниот период да бидат изведени во групи не поголеми од четворица со почитување на меѓусебното растојание од 1,5 до 2 м.

– Ако групите бидат поголеми од четворица, наредните групи од по четворица да тргнат 5 минути после првата група.

– Да се направи прецизен распоред на движење и одмор на групите од по четворица, ако има повеќемина пријавени.

– Ако пред почеток на планинарските активности учесниците имаат температура, кашлица, отежнато дишење, задолжително да останат дома.

– Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекциско средство за раце на база на алкохол);

– Да се користат маски за лице кога нема интензивна физичка активност.

– Да се користи само своја опрема, храна и вода.

– За транспорт до/од местото на планинарската активности да се почитуваат протоколите од државните институции.

„Ќе ве замолиме да ги почитувате и останатите препораки за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот Ковид-19. Во време на пандемија, планините се место за опуштање и освежување од секојдневните активности. И таму да внимаваме на нашето здравје и на здравјето на останатите,“ препорачуваат од ФПСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре променливо облачно со повремен дожд

Редакција

За викенд топло со температура до 20 степени

Редакција

(Видео) Најубавите песни кои ја одбележаа кариерата на Тоше: 15 години непребол

Редакција