еМагазин
Image default
ЖИВОТ

За викенд топло со температура до 20 степени

Топлото време со температура до 20-тиот степен ќе се задржи и за време на викендот, но веќе од понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд.

Утре и задутре во утринските часови ќе има магла и ниска облачност по одделни котлини.

Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со засилен јужен ветер и грмежи.

Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне.

Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, велат синоптичарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ромки жртви на нова „Јавна соба“: На Фејсбук се споделуваат експлицитни фотографии и видеа

Редакција

Македонските лекари делат рецепти за антибиотици како „луди“

Редакција

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски позитивен на Ковид-19

Редакција