еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, слободни места има, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

-По извештаите на болниците, кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, во болницата во Штип 56 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 116, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 31 заболен.

Во болницата во Струмица хоспитализиран е 91 пацинет, во Кочани 21, во Кичево 18, во Кавадарци 39, а во Гевгелија 9 лица позитивни на коронавирусот, стои во соопштението.

Од Министерството посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.285 и има околку 120 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од МЗ.

Во тек на денот, информираат од МЗ, се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Од МЗ, посочуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, како и дека покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој податок од пописот ќе проверува преку неколку бази на податоци

Редакција

Случај „Монструм„: Се уште нема одговор од Косово за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Редакција

На „црната листа“ за санкции во следните неколку месеци ќе видиме едно или две имиња, најави американската амбасадорка Агелер

Редакција