еМагазин
Image default
Бизнис

Инвестиција од над 50 милиони евра: „Интернешнал фреш фуд“ ќе произведува домашно пилешко месо

Конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешнал фреш фуд“ денеска во Гиновци го означи почетокот на својата инвестиција која во следните пет години ќе надмине над 50 милиони евра и ќе се отворат околу 3.000 нови работни места.

Инвеститорот планира да изгради сопствена кланица за живина во селото Врапчиште, Гостиварско, како и фарми во Кочани, Штип, Охрид, Струга, Карбинци, Псача и други места низ државата.

Во рамки на планот за инвестирање е и отворање на фабрика за производство на храна за животни во Свети Николе, со што ќе се заокружи цел процес на одгледување на пилиња до финален производ.

Со инвестицијата се очекува да се намали увозот на пилешко месо во земјава, но и ќе се зголеми пласманот на домашно пилешко место на странските пезари. Од конзорциумот најавуваат можност за пласирање на нивните производи и во синџирот ресторани КФЦ.

– Еден од партнерите во конзорциумот е носителот на франшизата на КФЦ за балканските земји, што обезбедува солидна основа во блиска иднина нашите производи да ги пласираме за нивните ресторани низ Балканот и во Европа, истакна Абдулезел Догани, претставник на компанијата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за заштита и спасување вработува 12 државни службеници, плата до 29.690 денари

Редакција

За претседателот на НО на Стопанска банка Скопје годишно 20 илјади, за членовите 10 илјади евра

Редакција

Кои се најголемите должници на Листата на УЈП

Редакција