Во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк, претседателот на српското Национално собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае дека неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни, но дека му треба согласност од Софија за да започне преговори за членство во ЕУ.
Второто прашање е до каде ќе отиде Заев во тоа, рече тој.
Дачиќ реагираше и на изјавата на Заев дека Југославија е виновна за одвојувањето на Македонија од Бугарија и дека во таа земја имало бугарска администрација за време на Втората светска војна.
„Но, немојте бугарската окупација да ја прогласувате за администрација. Бугарите беа на страната на нацистичката Германија на Хитлер, а ние на југот знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Со тоа тие плукаат по нивната антифашистичка борба. Еве Југославија повеќе ја нема, што чекате. Ако се толку желни за прегратка, тие не би ја чекале 2020 година “, рече Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авторот на интервјуто со Борисов: Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците
Фото: Фејсбук/Дачиќ/ТВ Пинк