еМагазин
Image default
Локално

Со пукање од автоматска пушка расчистувал расправија со сосед

Тетовската полиција вчера привела 24 годишно момче од Челопек кое по расправа со 47 годишен сосед испукал неколку куршуми од автоматска пушка. При приведувањето и претресот на куќата најдена е и дрога.

„Околу 18:00 часот во Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М. М. (24) од ова село, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со куршум калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихуана.

Претходно, М. М. по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н. Р. (47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух“, соопшти СВР Тетово.

При увидот била најдена една чаура со калибар 7,62мм. По приведувањето и постапката за документирање на случајот М.М ќе биде изведен и пред судија во претходна постапка во тетовскиот суд.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трилер во Скопје: Арачиновец со возило спречил полицајци да приведат осудено лице

Редакција

Едно лице загина во судар меѓу „мерцедес“ и „ауди“, двајца тешко повредени

Редакција

ЈПКД Маврово: Земјотресот ја замати водата за пиење, надлежните препорачуваат да не се користи за пиење

Редакција