еМагазин
Image default
Локално

Едно лице загина во судар меѓу „мерцедес“ и „ауди“, двајца тешко повредени

Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа кај долнореканското село Скудриње што се случи денеска околу пладне.

Според СВР Тетово, животот го загубил А.Д. (52) од Скопје откако на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на Скудрињски мост се судриле две патнички возила, „мерцедес” со дебарски ознаки и „ауди” со скопски регистарски ознаки.

А.Д. бил сопатник во аудито, а возачот и другиот сопатник кои здобиле тешки повреди се згрижени во дебарската болница од каде се префрлени на скопските клиники.

Возачот на „мерцедесот“ поминал со полесни повреди.

Јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар извршиле увид на местото на несреќата. Телото на загинатиот е предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во две куќи на улица „Робеспјерова“ во Скопје

Редакција

Изречени 572 казни за неносење маска

Редакција

Трговскиот центар „Ист Гејт“ продолжува нормално со работа

Редакција