еМагазин
Image default
Балкан

Во Бугарија притворен македонски државјанин, превезувал 33 килограми марихуана

Бугарски царинци пронашле повеќе од 33 килограми канабис вреден 69.000 евра во автомобил со кој управувал државјанин на Северна Македонија.

Автомобилот марка „киа“ со македонски регистарски таблички бил стопиран на граничниот премин меѓу двете земји на 23 декември кога цариниците, при контрола, пронашле 76 пластични кеси со марихуана под просторот за багаж и под двете предни седишта.

Возачот, Р.Р. (58), патувал сам, од Република Северна Македонија преку Бугарија до Турција.

Денеска, на барање на Окружното обвинителство – Хасково, судот на Р.Р. му изрекол мерка притвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанскиот претседател има највисока плата меѓу колегите во регионот, на кое место е Пендаровски

Редакција

Радев бара Бугарите во Македонија да не бидат малцинство, туку народ: Нема време да се крене ветото

Редакција

Трифонов го нападна Петков оти сакал старт на преговори на Македонија со ЕУ до крајот на јуни, без гаранции за правата на Бугарите

Редакција