еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Нема лек за Ковид-19, терапија само од матичен лекар

Ниту еден од овие лекови не се докажани дека помагаaт специфично за новата болест, порача министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање околу продажбата на црно преку интернет на лековите „Ремдесивир“ и „Фавира“ за лекување на коронавирусот.

При денешната посета на Штип посочи дека тоа се лекови коишто се докажани дека помагаат во некои други болести и ситуации и додаде дека не можат да се препишат лекови коишто не помагаат за конкретна дијагноза.

„Никој не треба да посегне да бара лекови коишто не се докажани дека помагаат во лекувањето на Ковид-19. Уште во светот има огромен број на клинички студии коишто испитуваат лекови. Сите знаеме дека специфичен и посебен лек за оваа болест нема.

Се прави комбинација на постојните терпаии за некои други болести или сиптомите коишто ги дава  оваа болест, а мора да знаеме и граѓаните да знаат дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа болест може да се манифестира“, рече тој.

Апелира секој пациент во консултација со матичниот лекар или за време на болничкото лекување само со контрола на лекар да прими соодветна терапија.

„Нема еден терк на лекување на оваа болест зошто заради тоа што нема една форма на болеста. Има толку многу различни клинички форми што секоја клиничка форма бара поинаков пристап, поинакво лекување, поинакво дозирање на истите лекови коишто доаѓаат предвид за давање при соодветна манифестација и во таа смисла тоа е така секаде во светот.

Затоа е многу битно сите коишто имаат и најмали симптоми и за било каков чекор во однос на дијагнозата за лекувањето да прават консултација со лекар“, рече Филипче.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 784 болни од Ковид-19

Редакција

ВМРО – ДПМНЕ поднесе кривична пријава против сите членови на избирачкиот одбор во Зајас

Редакција

Убава вест: 90 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција