еМагазин
Свет

Вакцина против Ковид-19 од утре достапна во Британија

Велика Британија ќе биде прва земја во Европа чии граѓани ќе примат вакцина против Ковид-19, а првите дози ќе бидат достапни од вторник, и тоа прво во болниците, а потоа и во останатите здравствени институции.

Вакцината први ќе ја примат лицата на возраст од над 80 години, здравствените работници, воспитачите и штитениците во домовите за стари и изнемоштени лица, соопшти Националната здравствена служба.

Британија минатата среда итно ја одобри вакцината на компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“. Нарачани се околу 40 милиони дози, а бидејќи секому му се потребни по две, се претпоставува дека ќе бидат вакцинирани 20 од 67 милиони жители.

Првата недела ќе бидат достапни околу 800.000 дози, а вакцините се веќе пристигнати од Белгија и се чуваат на безбедни локации каде се проверува нивниот квалитет, соопшти британското Министерство за здравство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Путин создавањето независна суверена палестинска држава е неопходно

Редакција

„Потреси“ на пазарите за основни житарки и растителни масла: Светските цени на храната во март на рекордно високо ниво

Редакција

„Волстрит журнал“: Ковид-19 можно е да протекол од кинеска лабораторија во Вухан

Редакција