еМагазин
Image default
Локално

„Руски рулет“ во сообраќајот во Драчево: Возеле пијани и без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, соопшти МВР.

„На територијата на Драчево изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 14 санкции за нерегистрирани возила, 6 мерки за користење мобилен телефон, 20 санкции за некористење сигурносен појас и 8 мерки за возење под дејство на алкохол.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, информираат од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Нов снег во Скопје

Редакција

Со закана со пиштол ограбиле бензиска пумпа во Скопје

Редакција

И барал 300 евра за да не објави компромитирачки фотографии на Фејсбук

Редакција