Уште една негувателка е позитивна на Ковид-19, во изолација се 12 деца, како и двајца вработени во кавадаречка градинка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Тој информирара дека позитивни на вирусот се и двајца здравствени работници од Кавадарци, а починало едно лице на 64 години.
Во изминатите 24 часа биле регистрирани 36 позитивни случаи во регионот, на возраст од 19 до 83 години. Во Кавадарци 24, а 7 во Неготино, 3 во Демир Капија и 2 случаја во Росоман.
Се утврдуваат нивните контакти, со цел да се изолираат.
МИА/Фото: Општина Кавадарци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.