еМагазин
Македонија

Од 58 држави, Македонија на 45 место во математичка писменост и на 51 во природни науки

Од 58 држави, Македонија е на 45 место во математичка писменост, а во природни науки сме подолу рангирани, односно од 58 држави учеснички, државата е на 51 место, покажуваат резултатите од меѓународното ТИМСС тестирање спроведено во 2019 година, соопштија од Министерството за образование и наука.

„Во математичка писменост најдобри постигања на тестирањата има Сингапур, па Хонг Конг, Кина, Јапонија.

Во однос на земјите од опкружувањето нашите ученици се подобри во математика од учениците од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Резултатите од меѓународното тестирање ТИМСС ни давaат вистинска слика за тоа каде се наоѓа нашиот образовен систем на глобалната карта по математика и природни науки и колку нашите ученици се оспособени да го искористат сопственото знаење“ велат од МОН, од каде соопштија дека во новата концепција за основно образование ќе се земат предвид овие резулати, но и дека истата ќе се темели на објективни и кредибилни анализи и истражувања за тоа што навистина е потребно целосно да се промени, модифицира, да се воведе или евентуално отстрани од образовниот систем.

TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија), како и факторите кои влијаат на тие постигања.

Интернационалната организација за оценување ИЕА го организира тестирањето, а во Македонија го спроведува Државниот испитен центар.

Македонија досега учествуваше во четири ТИМСС тестирања и тоа во ТИМСС1999, ТИМСС2009 и ТИМСС2011 со популација од осмо одделение и сега во ТИМСС2019 за првпат со популација од четврто одделение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Зелениково и уште шест лица за злоупотреба на службената положба

Редакција

Сослушан сведокот Џемали Мехази: Судењето за „Маџар Телеком“ продолжува на 27. март

Редакција

Мицкоски: Притвор за Јанева, компромитираното СЈО е завршена работа

Редакција