Во СВР Велес синоќа во 19:28 часот било пријавено дека околу 18.00 часот, Т.Р.(72) од село Марена, Кавадарци, се повредил при пад од необезбедена тераса на куќа во Кавадарци. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По укажаната лекарска помош во болницата во Кавадарци, повредениот им подлегнал на повредите.
Бил извршен увид на местото на настанот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.