еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 664 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 664 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 54 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 82 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 36 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 20, Кавадарци 39, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.145 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојава за бомба и во основно училиште во Крива Паланка

Редакција

Нови 55 заболени од Ковид-19 во тиквешкиот регион, меѓу нив 8-годишно дете и тројца здравствени работници

Редакција

Убава вест: Стоматолошките услуги од денес достапни кај сите стоматолошки ординации

Редакција