еМагазин
Image default
Локално

Земјотрес почувствуван во Гостивар, Кичево и Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 12 часот и 57 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар на 60 километри југозападно од Скопје, информираат од таму.

„Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда M L 3.3. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Гостивар, Кичево, Маврово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го повикал во домот во Ново Лисиче и го натепал

Редакција

Мигрант од Авганистан пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија, имал убодна рана

Редакција

Во близина на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид пронајдени 1.243 стебла марихуана

Редакција