Денеска околу 10.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.К.(24) од Гостивар, бидејќи при преглед во неговото возило „мерцедес“ без регистарски ознаки биле пронајдени и одземени над 15 илјади разновидни пиротехнички средства, информира МВР.
„З.К. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава по член 396 став 4 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи““, соопшти МВР.
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.