еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Владата усвои пакет закони за управување со отпад: Забрана за пластични ќеси и задолжителна селекција

Владата на денешната 32 седница ги утврди текстовите на пакет предлози на закони за управување со отпадот во согласност со регулативата на ЕУ, со кои целосно ќе се имплементираат принципите на циркуларна економија во управувањето со отпадот.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата ги утврди текстовите на предлог законите за управување со отпадот, на законот за проширена одговорност на производителот во управувањето со посебни текови на отпад, на законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, на предлог законот за управување со дополнителни текови на отпад во системот за проширена одговорност на производителите, на предлог законот за управување со пакување и отпад од пакување, како и на предлог законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.

„Суштинските придобивки од законските решенија што се донесуваат, од кои некои од нив за прв пат во нашата земја, меѓу другото се зајакнување на обврските за производителите и колективните постапувачи, како и општините за да се обезбеди потребното селектирање на отпадот; воведување хиерархија во постапувањето со отпадот, утврдување на статус на секундарните суровини и укинување на статусот на отпад за производите кои можат да се реискористат, рециклираат и преработат за да не завршуваат на депонииите; введување финансиска одговорност за производителите на пакување, батерии и акумулатори, електричен и електронски отпад, како и сосема нови текови на отпад со искористени возила, отпадни масла, отпадни гуми и текстил; и е предвидена забрана за пластични ќеси, еколошки дизајн на пакувањата и можности за кауција и стимулација на повратна амбалажа“, се наведува во соопштението.

Владата информира дела од овие законски решенија, кои ќе бидат доставени на усвојување во Собранието, одговорноста за целиот циклус на отпадот од производство до рециклажа е на производителот, а граѓаните ќе бидат задолжени да вршат селекцијата на отпадот, додека општините заедно со колективните постапувачи ќе имаат јасни обврски да им ги овозможат сите неопходни услови за селекција на отпадот на сите граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Алармантно загадени со цврст отпад реките од сливот на Охридското Езеро

Редакција

(Фото) Вработени во Комерцијална банка го чистеа Градски парк во Скопје

Редакција

Градоначалникот на Кисела Вода притиска да се испита дали има линдан во Пеленица, бидејќи не сака да остане дамка на тоа излетничко место

Редакција