Градот Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, по 13-ти пат го реализира проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје за 2020 година.
Годинава поради пандемијата со Ковид-19 вирусот, а со цел заштита и превенција од ширење на истиот, не се оддржа традиционалното доделување на плакетите.
За најдобри гостилници се избрани:
1 место: Дебар маало
2 место: Градска кафеана – Кај Јоле
3 место: Градска кафана Досие Скопје
Испитувањето беше извршено според следните стандарди:
– Прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување).
-Хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени).
– Тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки).
– Covid – 19 критериуми (носење заштитна маска, дистанца на маси, средства за дезинфекција).
– Амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика).
– Услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување).
– Општа услуга – (асортиман, адекватно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка).
– Квалитет на храната – (свежина, количина, вкус).
– Завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Кои се најдобрите кафулиња во Скопје
(Галерија) Кои се најдобрите ресторани во Скопје
(Галерија) Кои се најдобрите lounge и мезе барови во Скопје
Фото: Фејсбук страници на гостилниците