Во Кривичниот суд денеска почна судењето за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Друмарина“ во кој поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева е обвинета за прикажување лажни трошоци за патување.
Бонева е обвинета дека од 2011 година до 2015 година, наводно со лажни сметки од патарини си наплатила 100.000 евра народни пари за патни трошоци.
Обвинителството тврди дека таа ги довела во заблуда службите во Собранието, бидејќи им кажувала дека за секоја работна обврска во Парламентот патува од Струмица, но таа престојувала во Скопје
Бонева тврди дека е невина.
„Со приложените 6.967 докази и 28 сведоци ќе докажам пред судот и пред јавноста дека обвинението против мене е невистинито и паушално исто како и големите лаги дека сум рекордер во земањето патни трошоци, како и големите лаги дека сум купила станови со криминални пари“, рече Бонева.
Фото: Фејсбук/Бонева