еМагазин
Image default
Локално

Сакал да заколе ветеринар во бачило бидејќи не му се допаднала постапката за субвенции

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Гостивар, поднесе кривична пријава против Б.С.(41) од с.Шишево, скопско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, информира МВР.

„На 29.09.2020 околу 10.00 часот, во с.Галичник, во бачило сопственост на Џ.С., брат на пријавениот, И.Н.(52) од Скопје, во својство на ветеринарен лекар, заедно со уште тројца контролори, сите вработени во АФПЗРР „Платежна агенција“ – Скопје отишле   службено за да извршат претходно закажана контрола во бачилото – фирма барател на субвенции.

При објаснување на постапката на контролата од страна на ветеринарот, Б.С. почнал агресивно да се однесува кон И.Н., по што употребил физичка сила и се обидел да го нападне со остар предмет, но бил спречен во намерата“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повредена патничка во автобус по судар со „поло“ во Скопје

Редакција

Скопјанец пронајден починат во својот дом

Редакција

Скопјанец натепал девојка во угостителски објект

Редакција