еМагазин
Image default
Локално

Кумановец организирал семејна веселба и пукал од оружје

На 26.12.2020 во СВР Куманово било пријавено дека В.Б. (25) во својата семејна куќа во с. Лопате, кумановско, организирал семејна веселба и пукал со оружје, информира МВР.

Полициски службеници од СВР Куманово во координација со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, каде затекнале околу 30 гости, а пронајдени се и чаури.

Поради постоење на основано сомнение дека В.Б. сторил кривични дела „непостапување според здравстеви прописи за време на епидемија“ по член 206 и „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ, по целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пожар во гаражата на Основниот суд во Струмица изгоре новиот автомобил на судот

Редакција

Трагедија: Три лица починаа, а седум се повредени по експлозија на плинска боца во кумановско Романовце

Редакција

Тешко повредено 11-годишно дете на велосипед по удар од автомобил

Редакција