еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Како што информира Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Клиниката за неврологија, на Клиниката за нефрологија и на Институтиот за ТБЦ.

Тројца болни се примени на Клиниката за дерматологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести четворица пациенти, а на ОРЛ 12 болни.

На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти.

Вкупно 370 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

„Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, соопшти Министерството за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови дојави за бомби во неколку средни училишта во Скопје

Редакција

Спасовски: Во Струга се случи сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и кон државата

Редакција

659 казни за неносење маска

Редакција