еМагазин
Image default
Македонија

Очекувам овие денови да ја видиме и солидарноста на Европската Унија за вакцината за Ковид-19, вели Заев

Ќе водиме исклучиво јавна кампања за да ја подигнеме свесноста за вакцинацијата заради тоа што само на тој начин побрзо ќе ја истераме пандемијата од нашата земја. Ќе бидам личен пример и ќе ја примам вакцината против Ковид-19, откако ќе бидат запазени сите протоколарни активности и препораки, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Вакцинирањето на граѓаните, како што рече во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата, ќе биде платено од страна на Буџетот, еден дел од регуларните средства во Фондот кои се исплаќаат кон сите здравствени институции, а еден дел се грантови и донација како што се фрижидерите кои ги очекуваме. Очекувам, додаде тој, вакцинацијата веднаш да почне откако ќе стигнат првите количини и по протокол да бидат вакцинирани сите онака како што треба.

„Сега за сега се најсигурни нешто под шест илјади вакцини од Фајзер, а додека тие се имплементираат и се користат веќе ќе стигаат вторите, па третите пакети.

Очекуваме регуларна и регулирана постапка на испораки – прва, втора, трета, четврта испорака затоа што ако стигнат само 5.800 тогаш тоа не е доволно ниту за сите здравствени работници кои што директно работат на Ковид-19, кои се 7.700  вкупно, што ги наградивме по сите здравствени институции во државата.

Вкупно имаме преку 24.000 здравствени работници во државата, а каде се хронично болните граѓани, пензионерите, граѓаните кои изгубиле член од семејството од Ковид-19, кои треба да бидат во приоритетните групи за вакцинација,“ потенцира Заев.

Очекувам, посочи премиерот, овие денови да ја видиме и солидарноста на Европската Унија заради тоа што, како што рече, тоа е еден од најизвесните начини уште во јануари да ја добиеме вакцината, нагласувајќи дека секој ден порано е добредојден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првите 5.850 дози вакцини на „Фајзер“ ќе стигнат во февруaри

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Долг ден во Собранието: Седницата презакажана за во 21 часот, дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си отидоа

Редакција

(Фото) Македонија била воздржана за резолуцијата на ОН за итно примирје во Газа

Редакција

Екс директорот на ЕЛЕМ, Бошковски осуден на три години затвор за случајот „Тарифа“

Редакција