Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и неговиот заменик Назим Буши разговарал за распределбата на административните службеници вработени преку програмата К5, а кои не се распределени на работни места.
Станува збор за таканаречените рамковни вработувања.
„Во духот на добрата соработка, Спасовски и Буши го поздравија конечното решение на прашањето за административните службеници кои досега не беа распределени на работни места.Тие изразија подготвеност за соработка и заеднички успех“, напиша Груби на својот фесјбук-профил.
Претходно, како што посочува Груби на ФБ статусот, остварил средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која, според него, исто така изразила подготвеност да помогне и да ја поддржи распределбата на К5 административните службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не било време за решавање на рамковните вработувања, оти било пандемија, вели вицепремиерот Битиќи