еМагазин
Image default
Македонија

Ковид-19 го одложи судењето за случајот „Моќник“, во кој е обвинет Милошоски

Судењето за случајот „Моќник“ се одложува за 25 јануари поради неприсуство на еден од обвинетите поради Ковид-19.

Во судница беше присутен обвинетиот Антонио Милошоски, кој заедно со уште 12 лица се обвинети за продажбата на објект во село Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Фатиме Фетаи.

Според Обвинителството прво и второобвинетиот се товарат дека сториле – измама, третообвинетиот дека сторил – измама и – злоупотреба на службената положба и овластување.

Со обвинителниот акт опфатените 10 лица се товарат дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување.

– Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба.

Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница, соопштија од Обвинителство.

Со продажбата на овој објект како што посочуваат од Обвинителство обвинетите нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000 денари.

Во описот на дејствијата што ги презел третообвинетиот, од Обвинителство велат дека тој со особен придонес кон делото директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Ратка Димитрова, пратеничка од првиот состав на Собранието, мајка на поранешниот министер Димитров

Редакција

Нови 396 случаи на Ковид-19 од 4.858 тестирања

Редакција

Бугарија и денес не го прави тоа што треба да го прави како сосед, порача на Денот на победата над фашизмот, претседателот на Сојузот на борците

Редакција