еМагазин
Image default
Бизнис

По намерата за преземање, Скопски пазар на „Листата за набљудување“ на Македонската берза

Од Македонската берза информираат дека на 14.01.2021 година Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

“Внесување на друштвото Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што до друштвото е доставена Намера за објавување на понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.

Воедно, Ве известуваме дека  се врши бришење на издавачот Карбо Нова АД Крива Паланка од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради стечај на друштвото“, велат од Берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ЗСФ-КОМ“ и „Современ дом“ сакаат целосно да го преземат „Скопски пазар“: Нудат 6.500 денари за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица, 10 илјади тони домашна не е откупена

Редакција

И италијанскиот ланец на супермаркети Conad најавува влез во Македонија

Редакција

„Хотели-Метропол“ лани оствари добивка од 37,7 милиони денари

Редакција