Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 400 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 21 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 61 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 47 во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 27 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 9 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Во него се додава дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 700 и има околу 560 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ