На 14.01.2020 во 19.00 часот во СВР СКопје било пријавено дека во с.Сопиште, скопско, додека П.А.(30) од с.Ракотинци, скопско, управувал работна машина-багер, со скопски регистарски ознаки, машината се излизгала од коловозот и го повредила Т.А. од с.Сопиште, скопско, информира МВР.
Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.