еМагазин
Image default
Локално

Малолетничка од Аеродром, со остар предмет ја нападнала 38-годишната мајка и ја повредила

„На 28.11.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека околу 18.30 часот во дом на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, малолетничка со остар предмет ја нападнала својата 38-годишна мајка и ѝ нанела повреди“, се вели во полицискиот билтен.

Полицајци и претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, во координација со јавен обвинител за малолетници, излегле на местото и по преземени мерки, малолетничката и нејзината мајка биле сместени во здравствени установи за понатамошно лекување, додаваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје денеска ќе биде блокирано: Во 10 часот протест, во 16 часот марш

Редакција

Приведен малолетникот кој на „Тик-Ток“ објави видео како потпалува шума

Редакција

Драма во центарот на Прилеп: Тројца вооружени ограбија златарница

Редакција