еМагазин
Image default
Локално

Малолетник се обидел да силува 27-годишна девојка во струшко

Малолетник од Струшко синоќа се обидел да силува 27-годишна девојка. Случајот во полиција го пријавил вујкото на девојката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

„Во ОВР Струга, во 20 часот и 4 минути, 42-годишен жител на струшко село пријавил обид за обљуба од страна на малолетник врз негова 27-годишна внука.

Во полициската станица Струга, во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението.

Настанот се случил во домот на девојката, која успеала да се спаси од напаѓачот со викање и побарала помош од соседната куќа, каде живеел нејзиниот вујко.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се тепале тројца на еден пред обложувалница во Скопје

Редакција

Громот удри во езерото на неколку метри од брегот, немаше невреме или дожд, велат од плажа „Оревче“

Редакција

Скопски манијак се самозадоволувал пред случајни минувачи

Редакција