еМагазин
Image default
Бизнис

Една година ќе нема царински давачки за фирмите од преработувачката индустрија

На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука да ги укине царинските стапки за 71 тарифна ознака кои се однесуваат на преработувачката индустрија, напиша денеска на својот фејсбук профил, министерот за економија, Крешник Бектеши.

Како што напиша Бектеши, со оваа одлука се задоволуваат барањата на стопанските комори и на поединечни компании кои побараа од Министерството за економија да им излезе во пресрет.

-Ова е една од мерките кои се дел од петиот сет мерки. Можноста за укинување на царинските стапки ќе важи од 1 феврури до 31 декември 2021 година, стои во објавата на министерот.

Попладнево и Владата соопшти дека на денешната 40. седница донела одлука со која компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија.

-Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија за да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија.

Предлог-листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од Ковид-19, се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, информира владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интернационалната технолошка компанија „Инфинум“ ја презема македонската компанија за развој на софтвер „3П Девелопмент“

Редакција

Владата ја изедначи акцизата на маслото за греење и за погонско гориво

Редакција

Македонската компанија АТС Гроуп инвестира 100 милиони долари во изградна на нова фабрика за малокалибарска муниција во Тексас, САД

Редакција