еМагазин
Image default
Бизнис

Европа лани со намалена добивка

Во 2022 година Европа АД Скопје оствари вкупни бруто приходи на износ од  869.136.924 денари и истите се намалени за 0,7% во однос на бруто приходите од 2021 година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Вкупните оперативни приходи за 2022 година се зголемени за 0,1% во однос на истите во 2021 година. Останатите приходи се зголемени за 159,9%, а кај финансиските приходи намалувањето е  40,9% во однос на 2021 година.

Вкупните расходите се зголемени за 1,6% во однос на минатата година. Оперативните расходи во 2022 година се зголемени за 1,4%, а финансиските расходи се зголемени за 69% во однос на 2021 година.

Европа АД Скопје за 2022 година оствари нето добивка во износ од 41.918.642 денари и е помала во однос на претходната година за 31%, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа со намалена добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 374 илјади евра

Редакција

Основниот суд – Скопје 1 распиша тендер за набавка на лимузина

Редакција

Општина Липково склучи договор со ЈУ-Бај 2 Амет вреден 498,2 илјади евра

Редакција