еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„ИРД инженеринг“ понуди најдобар квалитет и цена, велат од Државни патишта за надзорот за изградбата на Коридор 8 и Коридор 10д

Јавно претпријатие за државни патишта се огласи во врска со наводите на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, дека фирмата за надзор на изградба на автопатиштата Коридор 8 и Коридор 10, „ИРД инженеринг“ е несоодветна.

Од таму велат дека на огласот објавен на 15 септември 2022 година за избор на „Надзор и правен трансакциски советник за изгрaдба на Коридор 8 и Коридор 10“, во присуство на медиумите биле отворени три понуди.

„„Ingerop Conseil et Ingeniere“, Франција, како лидер на група понудувачи здружен со Егис Интернационал и Матека Инженеринг ДОО, друштвото „ИРД инженеринг“, Италија, како лидер на група понудувачи, здружен со Eptisa Servicios de Ingenieria Sl-Шпанија, Електра консалтинг ДОО, Скопје и Евроконсалтинг ДОО Скопје, како членови на група понудувачи и „Hil International N.V. од Холандија како лидер на група понудувачи здружен со Градежен институт Македонија АД Скопје како член на група понудувачи.

По отворањето на понудите, следуваше постапка за нивна евалуација, и по разгледувањето на документацијата и комплетноста на понудите во предвидениот рок, се изврши изборот на најдобриот понуден квалитет и понудена цена и за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10д беше избрана „ИРД инженеринг“.

Изборот помина и на Управна контрола, а до Државната комисија за жалби по јавни набавки беа поднесени две жалби кои што Комисијата ги отфрли.

Постапката и изборот беа согласно сите законски и подзаконски акти за јавни набавки и транспарентна од самиот почеток,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како фирмата за надзор на коридорите 8 и 10д од несоодветна со решение на Влада станува соодветна?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Договорот со „ИРД инженеринг“ за надзор и консалтинг за автопатите на коридорите 8 и 10-д е вреден 26,3 милиони евра

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојанче Ангелов: Оставка поради случајот со овчарот во кратовско би била дезертерство

Редакција

Кривична одговорност за работодавачите за непочитување на препораките за корона вирусот: Пријави на 151-31

Редакција

(ВИДЕО) Како германскиот канцелар Вили Брант побара прошка од Полска, но не и менување на историјата

Редакција