еМагазин
Image default
Свет

Ковид-19 одзеде повеќе животи во САД отколку Втората светска војна

Повеќе Американци починаа од Ковид-19 отколку за време на Втората светска војна, покажуваат податоците на Унивзеритетот Џон Хопкинс.

Според податоците од вчера, досега во САД 405.400 луѓе починале од вирусот, наспроти 405.399 Американци убиени за време на Втората светска војна.

Една од главните цели на администрацијата на новиот претседател Џо Бајден е вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена.

Бајден предупреди дека најлошото од пандемија допрва претстои.

Случаите на коронавирусот се приближуваат до 100 милиони во светот (во моментов повеќе од 96 милиони) и повеќе од два милиони починати.

САД се земја која е најпогодена од пандемијата на коронавирусот во светот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија го прекина снабдувањето на Финска со електрична енергија

Редакција

Потребни се нови вакцини против Ковид-19, пред актуелните да ја изгубат ефикасноста

Редакција

Украинскиот регион Херсон ќе стане дел од Русија, најави новиот гувернер

Редакција