еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Британскиот сој на Ковид-19 бил присутен во Македонија уште во декември

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2.

Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје (ИЈЗ), пациентот од 22 јануари се води како оздравен.

„Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат.

По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница.

На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест, кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

Лабoраторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот.

Според информацијата која ја проследија до Министерство за здравство, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент.

Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собрание продолжува расправата за реконструкција на Владата

Редакција

Следува период со дожд, ветер и повисоки температури

Редакција

Четири институции дале позитивно мислење за да избеганиот украински политичар добие македонско државјанство, вели Спасовски

Редакција