еМагазин
Image default
Македонија

Клиниката за нефрологија работи нормално, здравствените работници со Ковид-19 имаат лесна форма на болеста

Министерот за здравство Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија потенцираше дека сите здравствените работници кои се позитивни на Ковид-19 од Клиниката за нефрологија имаат лесна клиничка форма на болеста.

Во моментов, установата функционира нормално со останатиот медицински кадар.

„Ќе земеме дел од тие материјали и брисеви и ќе се направи секвенционирање, за да видиме дали евентуално станува збор за мутација на британскиот сој на вирусот,“ информираше Филипче.

На Клиниката ковид позитивни се осум медицински сестри од вкупно 52 вработени, еден лаборант од вкупно двајца вработени и еден психолог. Заразени се девет доктори од 24 вработени во установата и тројца болничари од вкупно 17 вработени на Клиниката за нефрологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Нефрологија од Ковид-19 заболени 9 лекари, 8 медицински сестри, лаборант, психолог и 3 болничари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ: Прашањето поврзано со Русковска и Муареми треба да го решат надлежните органи

Редакција

Починаа уште 6 лица од Ковид-19 од Скопје, Прилеп, Охрид и Штип

Редакција

Ни Меркел не го предомисли Мицкоски за договорот за името со Грција

Редакција