Миа Скрбинац синоќа стана првата словенечка актерка што јавно проговори за нејзиното искуство со сексуалното вознемирување. Изјавата ја даде при нејзиното гостување на ТВ Словенија.
Таа рече дека славен актер и професор по глума две години сексуално ја малтретирал за време на студентските денови на Академијата во Љубљана, пренесува СТА.
Говорејќи во емисијата „Тедник“, чии делови беа прикажани и во главните вести на јавниот сервис, актерката рече дека била изложена на психолошко и физичко насилство од страна на професор, кого не го именуваше, за време на часовите по глума и надвор од наставата во периодот меѓу 2014 и 2016 година.
– Ме чекаше пред тоалетот, во барот Драма и на други места, рече актерката.
Скрбинац, сепак, сè уште размислува дали да поднесе тужба против професорот.
Таа не го именуваше професорот затоа што верува дека не е единствената што доживеала сексуално вознемирување.
МИА/Фото: Tretji kanu – V Mleku