еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Утринска магла по котлините, преку ден топло со температури до 19 степени

Во поголем дел од државата утринава е ведро со слаб ветер од променлив правец. Во западните и северните делови има умерена до значителна облачност, а по котлините и слаба магла. Магла со намалена видливост има во делови од Полошката и Скопската котлина и во Демир Капија.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринава најстудено е во Берово и Лазарополе каде се измеренеи -2 степена, а во Петровец кај Скопје и во Тетово -1 степен. Во останатите градови утринските температури се над нулата.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 11 до 19 степени. 

Во Скопје слично време со максимална температура до 13 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела започнува летното сметање на времето: Часовникот се поместува еден час нанапред

Редакција

(Фото) Боркица побарала развод од Груевски

Редакција

Македонија ќе го забрани ТикТок ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели министерот Андоновски

Редакција