еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти, а вкупно се лекуваaт 249

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 11 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 92 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Транспаренти “Македонија е бугарска“ во Благоевград за отворањето на македонскиот клуб

Редакција

Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, како превенција од ширење на корона вирусот

Редакција

11 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 206 смртни случаи од Ковид-19

Редакција