Полициски службеници од СВР Скопје денска (06.02.2021) спроведоа акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите, соопшти МВР.
„Санкционирани се седум мотоциклисти, а одземени се и два мотори, согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој стапи на сила на 26.12.2020. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови“, информира МВР.
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.