еМагазин
Image default
Свет

(ВИДЕО) Протестите во Мјанмар стануваат масовни, полицијата употреби водени топови против демонстрантите

Повеќе лица се повредени откако полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите во главниот град на Мјанмар, Најпјидо.

Во Мјанмар продолжуваат протестите поради преземањето на власата од страна на армијата.

Демонстрантите бараат ослободување на лидерката Аунг Сан Су Чи и другите уапсени и враќање на демократијата во земјата.

Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе вонредна состојба, ја презеде власта во државата и потврди дека уапсила високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и Аунг.

Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и именува 11 нови министри.

МИА/Фото/видео: CNA/Guardian News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првпат во историјата: САД забранија продажба и увоз на нови уреди од кинеските производители Huawei и ZTE

Редакција

Европскиот Парламент ја прогласи Русија за држава која го спонзорира тероризмот

Редакција

Русија прогласи привремено примирје во Киев, Мариупол, Харков и Сума, за да се евакуираат цивили

Редакција