Трифун Костовски по повод истрагата на Јавното обвинителство за 4 одговорни лица во стечајот на Еуростандард банка соопшти дека би било ред да бидат идентификувани со име и презиме лицата коишто се опфатени со постапката.
„После 6 месечен молк од страна на Јавното Обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели.
Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката. Утре следи мојата официјална колумна со која јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка“, изјави Костовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Телма
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.