еМагазин
Бизнис

Илон Маск со еден потег го вивна Биткоинот: Криптовалутата „скокна“ 24 отсто за 24 часа

Биткоинот се зголеми за безмалку 24 отсто за 24 часа и се продаваше за 48.049 американски долари во 2:03 часот по источно американско време

Зголемувањето го предизвика од веста дека компанијата „Тесла“ на Илон Маск купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.

Како што е наведено, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи.

Исто така, „Тесла“ најави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мепринг сервиси“ го доби тендерот на Владата за набавка на клима уреди вреден 97.000 евра

Редакција

„Евроинс осигурување“ го доби тендерот на МВР за осигурување возила

Редакција

Кои се најголемите акционери во Хотели Метропол

Редакција