еМагазин
Локално

Низ Тетово се вози и над 100 километри на час, казни за 55 возачи за четири часа контрола

За четири часа тетовската полиција казнила 55 возачи на возила поради зголемена брзина на движење во градот на потегот од влезот во Тетово до кружниот тек кај „Монопол“, при што кај тројца утврдиле дека возат со над 100 километри на час.

Полицајците користеле ноќен радар во рамки на акцијата од 18 до 22 часот.

„Тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај во рамки на продолжените засилени контролни активности за брзина, кои од неодамна континуирано се спроведуваат и во ноќните часови, законски санккционираше вкупно 55 возила, односно возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина во населено место.

Три од возилата се движеле со брзина од  над 100 километри на час, а преостанатите пречекориле за 30 до 50 километри на час, изјави портпаролот на СВР Тетово“, Марјан Јосифоски.

На сите прекршители изготвени им се поднесоци, додека на тројцата возачи, кои возеле над 100 километри на час времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тригодишно дете од Куманово испило поголема количина таблети и се затруло

Редакција

Суспендирани двајца лекари од Детска клиника за смртта на 14-месечното бебе

Редакција

Директорка на студентски дом во Битола „работела“ и како секретар

Редакција