еМагазин
Image default
Локално

Приведен угостител од Тетово поради непочитување на здравствените прописи

Тетовската полиција приведе сопственик на угостителски објект на влезот во Тетово, бидејќи работел до околу 1:30 часот кога е извршена контролата. Во објектот биле затекнати 11 лица.

– Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец М.А., поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Во акциска коннтрола спроведена во неговиот угостителски објект на излезот од Тетово, биле затекнати 11 лица, меѓу кои пет од Република Албанија и два од Република Србија, информира Марјан Јосифоски од СВР Тетово.

По целосно расчистување и документирање на случајот против М.А. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка пријава напад над ќерката од жена од Гостивар

Редакција

Џип удри во две ракометарки на ЖРК „Вардар“ на автобуска станица во Ѓорче Петров, изгубил контрола поради голема брзина

Редакција

Чатворица затвореници тепале „колега“ од Зајас во затворот во Шутка

Редакција