еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Студија: 91 отсто помал ризик од зараза со месеци по прележан Ковид-19

Луѓето кои го прележале Ковид-19 имаат 91 процент помал ризик од инфекција во следните седум месеци, покажува студијата на Медицинскиот факултет во Грац, објавена во European Journal of Clinical Investigation.

Тоа ниво на имунитет е само малку пониско од оној што го дава вакцината на Фајзер/Бионтех за која се покажа дека е ефикасна 95 проценти.

Ова значи дека претходна инфекција со коронавирус создава скоро исто ниво на заштита како и вакцинираните лица, барем за пократок период, според студијата спроведена во Австрија, јави ДПА.

Студијата проучуваше како луѓето кои биле заразени во првиот бран на инфекција, од февруари до април, поминале во вториот бран од септември до ноември.

Во споредба со остатокот од населението во Австрија, тие имале значително посилна отпорност на инфекции.

МИА/Фото: Photo by Medakit Ltd on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телата на повеќе од 900 цивили се откриени во регионот на Киев по повлекувањето на руските сили, тврдат украинските власти

Редакција

Од 1.033 починати лица од Ковид-19, 888 не биле вакцинирани

Редакција

Првата авторизирана биографија на Дарко Панчев во издание на „Арс Ламина” ќе биде промовирана на 25 септември

Редакција